примитивизам | м.
Состојба, особина, постапка на примитивец; примитивност. Таму преовладува нечистотијата и примитивизмот. Борба против примитивизмот.
примитивист | м.
Ликовен уметник, приврзаник на привитивизмот во уметноста.
примка | ж.
Вид јамка приспособена за фаќање дивеч, замка. Зајак во примка. Примки за птици.
примоли | св.
Замоли. Го примолија комшијата да приварди на куќата додека се отсутни.
примопредавател | м.
Радиостаница што прима и предава сигнали.
примопредавање | ср.
Чин на примање и предавање (должност, работа, власт и сл.).
приморец | м.
Тој што живее на приморје, покрај море.
приморски | прид.
Што е покрај море; крајморски. Приморски населби.
приморје | ср.
Крајбрежен појас на копно, покрај море.
примоча ми (ти му...) се | св.
Почувствува потреба за мочање. На детето му се примоча.