принаведне | св.
Наведне, свие нешто надолу малку или уште малку. Момчето го принаведна грбот за да му ја качат вреќата со жито.
принагрне | св.
Нагрне, наметне набрзина, згора-згора. Принагрни го детето, дувна ветре.
принадлежи | несв.
принадлежност | ж.
припадност.
принамести | св.
Намести малку, понамести, стави во определена положба нешто. Го принамести апаратот за сликање.
принамршти се | св.
Се намршти, се намурти, се онерасположи малку, се подналути. Старецот се принамршти и свика по децата.
принаоѓа се | несв.
принапие се | св.
Се напие уште малку. Принапи се вода да ја угасиш жедта!
принаправа | несв.
принаправи | св.
Направи малку нешто, набрзина, како било, поправи некако. Ја принаправи куќарката да ја презими зимата. Направи, приправи уште малку кон веќе направеното. Оттогаш тој принаправи многу нешта. Принаправија бања до старата куќа.