принареди | св.
Нареди, стави, намести во определен ред набрзина. Принареди ги книгите на работната маса.
принатокми | св.
Натокми уште малку, натокми подобро, повеќе. Мајката го принатокми девојчето за училишната претстава.
принаучи | св.
Научи уште малку, нешто повеќе. Ученикот принаучи уште нешто од новата лекција.
принајде се | св.
принесе | св.
Донесе, стави нешто пред некого. Јаде кога ќе му принесат. Сè да ви принесат и пак нема да бидете задоволни.
принижен | прид.
Што е под средното ниво, под просекот по квалитет, низок. Принижен стил.
принизок | прид.
принова | ж.
Новородено дете, новороденче. Тие добија принова на Велигден.
принос | м.
Род, приход од имот (од земјоделски култури, од берба, од жетва и сл.). Висок принос од пченица. Добар принос во пчеларството.
приносен | прид.
Што дава голем, добар принос. Приносна сорта пченица.