приносител | м.

Тој што принесува, придонесува.

принуда | ж.

Постапка со која некој се принудува да направи нешто. Отворена принуда. Се омажи под принуда.

принуден | прид.

Што е со/под принуда, присилен. Принудна работа. Принудни мерки.

принуди | св.

Натера некого на нешто, присили. Го принуди да му го врати долгот. По земјотресот луѓето биле принудени да се евакуираат.

принц | м.

Титула на син на владетел, монарх или на член на владетелско семејство.

принцеза | ж.

Ќерка на владетел, монарх или на женски член на владетелско семејство.

принцип | м.

Основна поставка на теорија, учење, наука и сл. Општи принципи на социологијата. Дидактички принципи. Фонетски принцип.

принципиелен | прид.

Што одговора на даден принцип, заснован врз принцип. Принципиелен карактер. Принципиелно прашање. Принципиелни решенија.