припадник | м.

Член на организација, движење, здружение, колектив и сл. Припадник на европското еколошко движење. Припадници на полицијата.

припадност | ж.

Учество во составот на организација, движење, здружение, колектив и сл. Политичка припадност. Етничка припадност. Државна припадност. Територијална припадност.

припази | св.

Поведе сметка за нешто. Припази како се однесуваш во друштво! Припази да не ти ги украдат парите во турканица!

припари | св.

Се приближи (обично во негација). Тие палави деца нема да припарат веќе во мојот двор.

припаѓа | несв.

Е сопственост на некого; Имотот му припаѓа не еден човек од градот. Улицата им припаѓа на сите.

припев | м.

Дел од песна што обично се повторува по секоја строфа; рефрен. Припевот претставува специфична форма на повторувањето.

припева | несв.

Придружува некого со тивко пеење.

припек | м.

(само едн.) Силно припекување на сонцето. Припек од јулско сонце. Летен припек. Припекот на пладне стануваше сè посилен. На ваков припек и камен може да пукне.

припечали | св.

Спечали, заработи во некоја мера.