приоблече | св.

Стави облека на себе, облече набрзина. Го приоблече џемперот и истрча низ врата.

приод | м.

Пристап, пат донекаде. Поплочен приод до куќата. Чета војници ги чуваше приодите за в село.

приоден | прид.

Што се однесува на приод

приопшти | св.

Придодаде, приклучи кон некаква целост, направи да стане дел од нешто. Делото на авторот треба да го приопштиме кон нашата книжевна традиција.

приора | св.

Изора уште малку земја. Пролетва тој приора уште некоја нива.

приоритет | м.

Предност, првенствено право. Економскиот подем е приоритет за државата. Приоритет треба да и се даде на науката.

приоритетен | прид.

Што има приоритет. Приоритетна задача.

приоѓа | несв.

припадне 1 | св.

Падне во несвест. Одеднаш стана од постелата и припадна на подот.

припадне 2 | св.

Стане нечија сопственост, се додели некому, стане негово. По делбата имотот му припадна на најстариот син. Победата му припадна на гостинскиот тим.