прирасне | св.

Срасне, се спои со сраснување.

прираст | м.

Наголемување на бројот изразено во разликата меѓу родени и починати. Прираст на население.

прирачен | прид.

Што е при рака, што секогаш може да притреба за користење. Прирачен прибор за прва помош. Прирачен речник.

прирачник | м.

Книга со упатства за ракување со машина, со практични објаснувања за некоја струка или за потсетување, за учење на определен премет; прирачна книга. Прирачник за пчелари. Правописен прирачник. Прирачник по македонски јазик.

прираѓа | несв.

приредба | ж.

Културно-забавна претстава, забава. Училишна приредба. Културно-уметничка приредба.

приреди | св.

Организира, подготви, даде културно-забавна приредба, забава.

приредувач | м.

Тој што приредува, подготвува, што организира нешто. Приредувач на забави.

прирече | св.

Додаде нешто кон веќе речено, дорече, доискаже. Се обиде да прирече уште нешто. Мајката не дочека да прирече нешто.