пристапи | св.
Пријде, се доближи до некого. Жандарот му пристапи на вујко ми и му подвикна остро.
пристапница | ж.
Писмена изјава што се пополнува заради стапување во некоја организација, партија и сл.
пристар | прид.
Донекаде стар, стар во однос на говорителот. На вратата се појави пристар човек на околу педесет и пет до шеесет години, низок, подгрбавен.
пристега | несв.
пристегне | св.
Стегне посилно, малку повеќе. Ги пристегна дисаѓите. Си ги пристегна опинците пред да тргне од дома.
пристемни се | св.
Се стемни малку повеќе, донекаде. Се пристемни додека стасавме до планинарскиот дом.
пристенка | св.
Застенка малку, тивко. Тој пристенка од ненадејната болка.
пристига | несв.
пристигне | св.
Дојде, стигне на определено место. Децата пристигнаа од одморалиштето доцна ноќта со автобуси. На железничката станица пристигна меѓународниот воз. Разновидна помош пристигна во настраданите подрачја.
пристоен | прид.
Што е во согласност со прифатените норми на однесување. Пристојна забава. Пристојна кошула.