пајка | ж.
Бела пајка. Диви пајки.
пајкин | прид.
Пајкина глава.
Пајонец | м.
Припадник на древен народ на Балканскиот Полуостров.
пајтон | м.
Запрежна кола со подвижен покрив за превоз на патници; кочија. Затворен пајтон. Тие со пајтон се враќаа од бањата.
пајтонџилак | м.
Занимање на пајтонџија.
пајтонџија | м.
Тој што вози пајтон. Пајтонџијата удри со камшикот.
пеан | глаг. прид.
(разг., нар. поез.) Учен, писмен човек.
пеанија | ж.
Црковно пеење.
певец | м.
Пејач на оперска, класична музика. Оперски певец.
певица | ж.
Пејачка на оперска, класична музика. Жена со вистински талент артистка, певица, танчерка.