певлив | прид.

Што може лесно да се отпее. Певлива мелодија.

певница | ж.

Место в црква определено за пеење, клирос.

пегла | ж.

Направа што се загрева (во минатото со жар, денес со електрична струја) и со која под притисок се мазнат ткаенини и облека. Пегла на пареа.

пегла | несв.

Мазни со пегла, прави да е рамно, прави да не е истуткано.

пеглачка | ж.

Таа што пегла во конфекција.

педа | ж.

а) Растојанието од врвот на палецот до врвот на малиот прст, при раширена дланка. б) Ова растојание кое изнесува околу 15 см како мерка за должина. Помалку од педа. Појас широк колку една педа. Тој е три педи повисок од тебе.

педагог | м.

Специјалист по педагогија.

педагогија | ж.

Наука за образованието и за воспитанието.

педал | ж.

Ножен лост за придвижување на некаков механизам кај велосипеди, машини, музички инструменти и сл. Педал за гас кај автомобилот. Пијано со педали.