проведе | св.

Помине некого или нешто преку некое место. Тој го проведе детето преку мостот и му ја покажа куќата.

проведри | св.

Направи времето да стане поведро, небото да стане појасно, но не сосема. Ветрот го проведри времето.

провее | св.

Прочисти овршено жито од класјето со помош на ветрот.

провениенција | ж.

Потекло; извор од каде што нешто потекнува. Ракопис од македонска провиниенција.

провенча | св.

Венча некого набрзина. Свештеникот ги провенча младите и сите излегоа надвор.

провери | св.

Со испитување ја утврди точноста, вистинитоста, вредноста на нешто. Ги провери уште еднаш чековите пред да ја затвори сметката. Провери ја информацијата. Тој неколкупати проверуваше на картата.

проверка | ж.

Постапка на испитување на точноста, вистинитоста, вредноста на нешто; контрола. Последна проверка. Проверка на ефикасноста. Проверката покажа дека арматурата била неисправна.

проверлив | прид.

Што може да се провери. Проверлив податок.

проверувач | м.

Тој што проверува.

провесели се | св.

Помине некое време во веселење со песна и игра. Да завршиме најпрвин, а потоа ќе се провеселиме. Имаа повод, па се провеселија.