провали | св.
Пробие, предаде обично тајна организација. Ја провалија организацијата, полицијата влезе среде состанокот.
провалија | ж.
провалка 1 | св.
Извалка малку, за кратко време. Само што ја облече кошулата, ја провалка.
провалка 2 | св.
провалник | м.
Тој што пробива, предава нелегална организација. Само тој може да е провалникот. Политички провалник.
Прованса | ж.
Област во Франција.
провапса | св.
Вапса малку, набрзина. Таа провапса неколку јајца уште пред зори.
проварди | св.
Варди малку, кратко време. Чуварот проварди во дворот, па си влезе внатре. – Проварди надвор, нешто како да чув!
провари | св.
Вари малку, кратко време, набрзина;
провев | м.
Воздушна струја што минува низ два отвора што се наоѓаат еден спроти друг. Силен провев. – Затвори ја вратата има провев!