проветри | св.
Прочисти воздух во просторија. Таа ги отвори сите прозорци и го проветри целиот стан. – Проветри ја гаражата пред да влезеш да работиш!
провечера | св.
Вечера набрзина, за кратко време. Тој беше уморен од патот, провечера и си легна. Не му се јадеше, но провечера колку да помине редот.
провидели се | св.
Стане светло, се раздени; се зазори. Не успеа да заспие сè додека не се провидели.
провиден | прид.
провидение | ср.
Виша сила, бог и неговото дејствување. Гласник на провидението.
провиди | св.
(ретко) Почне да гледа тој што не гледал; прогледа. Веруваа луѓето ако се замиеш со таа вода ќе провидиш.
провизија | ж.
Надомест за некакво посредување (обично изразена во проценти од вкупната вредност). Голема провизија. Банката наплаќа симболична провизија.
провизор | м.
Управител на некоја област или имот.
провизорен | прид.
Што е првичен, определен поради моментната потреба; непрецизен. Провизорна пресметка. Провизорни објаснувања.
провизориум | м.
Привремено уредување, решение; привремена состојба.