провика | св.

Вика кратко време. Провикаа деца во дворот, па се смирија. Дедото провика нешто неразбирливо и си влезе внатре.

провикне (се) | св.

Викне силно и кратко. Некој пред порти (се) провикна. (Се) провикна глас од собата и набрзо потоа се изгасна светлото.

провинциски | прид.

Што се однесува на провинција, на внатрешноста на една земја. Провинциско гратче. Провинциски новинар.

провинција | ж.

(истор.) Територија освоена и управувана од Римјаните.

провинцијален | прид.

Што се однесува на провинција, што има обележје на провинција.

провинцијалец | м.

Тој што живее во провинција, во внатрешноста на една земја.

провинцијализам | м.

(само едн.) Појави, особини карактеристични за жителите на провинцијата; ограниченост на културните, духовните и други интереси.

провинцијализира | св. и несв.

Даде, дава белег, особина на провинцијали

провира | несв.

провирач | м.

(разг.) Тој што лесно се снаоѓа, се провлекува во секакви ситуации. Го гледаш и не можеш да поверуваш каков провирач е!