провирен | прид.

За храна – лесно сварлив. Провирен грав.

провијант | м.

Храна, јадење, продукти, обично на војската.

провлак | м.

Тесен копнен појас меѓу две води, кој спојува две големи копнени површини.

провлече | св.

Пушти нешто да се влече кратко време. Детето провлече некој каиш низ собата.

провлечен | прид.

Што не е среден, што не е уреден. Провлечен човек. Беше провлечен во облеката и ненаспан.

провлечка | св.

Пушти нешто да се влечка кратко време;

провне (се) | св.

Се) пробие низ мал, тесен отвор, премин; (се). Мачката се провна под вратата и избега. Ја провна раката во малото џепче и извади нешто.

проводија | ж.

Дар во пари што се дава на невеста или на новороденче. Невестата им бакнуваше раце, а тие нејзе ѝ даваа проводија. Адет е на мало дете да му се даде проводија.