педалинка | ж.
Чамец за рекреација што се движи со педали.
педант | м.
Тој што е беспрекорно чист, уреден.
педантен | прид.
Беспрекорно чист, уреден. Педантно дете.
педантерија | ж.
Педантност, претерана формалност; ситничарство.
педантизам | м.
педер | м.
(разг., грубо) Тој што се предава на педерастија; хомосексуалец; педераст.
педераст | м.
Тој што се предава на педерастија; хомосексуалец.
педерастија | ж.
Полови односи меѓу машки лица; хомосексуалност.
педесет | бр.
Основен број петпати поголем од десет; се бележи со бројката 50. Двесте и педесет. Педесет и пет. Педесет и трети. Педесет и деветгодишен.
педесет- | претс.
Како прв дел од сложени придавки и именки кој покажува дека од тоа што го означува основата во другиот дел од сложенката има педесет: педесетгодишен, педесетгодишник, педесетгодишнина.