педесетдрамник | м.
Тег од педесет драма.
педесетина | бр.
Околу педесет. Патникот застана на педесетина метри од постојката.
педесетка | ж.
Она што е означено со бројот педесет (банкнота, зграда, автобус и др.). Тој се вози со педесетка до училиште.
педесетмина | бр.
Педесет луѓе. Педесетмина вооружени се движеа низ шумата.
Педесетница | ж.
Празник на педесеттиот ден од Велигден; Ду(х)овден.
педесетти | бр.
Бројна придавка од педесет.
педесеттинка | ж.
Педесетти дел од нешто.
педигре | ср.
Документ што содржи податоци за потеклото и расата на животни (кучиња, коњи и др.).
педикер | м.
Тој што врши педикура.
педикир | и.