прозив | ж.

Повикување, извикување по име лица во некаков собир, состав (во училиште, во војска итн.). На прозивката сите беа таму

прозива | несв.

прозоба | св.

Зоба кратко време, набрзина.

прозове | св.

Повика, извика по име лице од некаков собир, состав (во училиште, во војска итн.). Наставникот по биологија денес прозва тројца ученици.

прозодиски | прид.

Што се однесува на прозодија. Прозодиско ниво. Прозодиски особености.

прозодија | ж.

Систем на изговарање на акцентираните и неакцентираните и на долгите и кратките слогови во речта.

прозорец | м.

Отвор во ѕид низ кој влегува светлина и воздух заедно со рамката и стаклото со којшто тој отвор се затвора. Таа стоеше до прозорецот и замислено гледаше во дворот. Собата беше светла со три прозорци.

прозори се | св.

Осамне, зазори. Не заспа се дури зората не се прозори.

прозорит | прид.