прозаик | м.

Тој што пишува проза; прозен писател

прозаистички | прид.

Што припаѓа, што се однесува на прозаик;

прозаичен | прид.

Обичен, секојдневен, едноличен. Прозаичен наслов. Прозаичен човек.

прозаички | прид.

Што припаѓа, што се однесува на прозаик;

прозакрпи | св.

Закрпи малку, набрзина, како било; Таа ги прозакрпи панталоните колку да се носат низ дома. Мајсторот го прозакрпи ѓумчето.

прозамазни | св.

Замазни малку, набрзина, како било; Тој ја прозамазни косата со рацете.

прозборува | св.

Почне да зборува (по молчење). Ги отвори очите и тивко прозборува. Се погледнаа в очи, но не прозборуваа.

прозвучи | св.

Се чуе, се разнесе звук;

прозен | прид.

Што е напишан во проза, што се однесува на проза. Прозен текст. Прозни дела.