прозорски | прид.
Што се однесува на прозорец. Прозорски стакла. Прозорски рамки.
прозрачен | прид.
Низ кој може да се гледа; низ кој пробива светлина; провиден. Прозрачен фустан. Прозрачни морски длабочини.
проигра | св.
Почне да игра, да танцува, заигра првпат. Девојчето беше срамежливо, но сепак проигра.
проигумен | м.
Заменик на игуменот;
произведе | св.
Создаде со работа материјални или духовни вредности. Фабриката произведе рекорден број производи.
произведувач | м.
Тој што произведува;
произведувачки | прид.
Што се однесува на произведувач.
производ | м.
Продукт, предмет што е резултат на човечкиот труд. Млечни производи. Сувомесни производи.
производен | прид.
Што произведува, што се однесува на произведување; продуктивен. Производен реон. Производна површина. Производни сили. Производен труд.
производител | м.
Човек што произведува. Земјоделски производител.