прокоба | ж.

Претчувство, навестување, насетување на нешто лошо. Тешка прокоба. Гласник на прокобата.

прокоби | св.

Претскаже несреќа, зло. Сонот му прокоби.

прокобник | м.

Тој што претскажува, навестува некаква несреќа, зло; кобник, злокобник.

проколве | св.

Почне да колве за првпат или по определен прекин. Пилињата проколваа од житото.

проколнатик | м.

Тој што е проколнат; колнатик.

проколнатост | ж.

Состојба на тој што е проколнат.

проколне | св.

Фрли клетва некому или на нешто. Тој ги проколна своите како најголем душман. Го проколна денот кога се родил.

прокоментира | св.

Проследи со коментар, со толкување. Сите телевизии ја прокоментираа веста. Тој накусо прокоментира за предлогот.

проконтролира | св.

Изврши контрола. Откако заврши со обработката, ја проконтролира постапката.

прокоп | м.

Тоа што е ископано во земја, во ѕид; канал. Од прокопите во ѕидот ѕиркаа кабли.