прокопа | св.

Со копање по должина и со некоја длабочина направи нешто (пат, канал, ров и сл.). Работниците ја прокопаа улицата, ја менуваа пукнатата цевка. За новиот пат го прокопаа ридот.

прокопса | св.

Успее, добро помине во животот.

прокопсан | прид.

Што е убаво воспитан, морално стабилен, без пороци. Прокопсан човек. Прокопсани деца.

прокопсаник | м.

Тој што е прокопсан.

прокоцка | св.

Изгуби во коцкање. Ја прокоцка куќата.

прокраде | св.

Почне да краде. Немаше што да јаде со денови, па прокраде.

прокрвави | св.

Почне да крвави. Падна од велосипед, па устата ѝ прокрваве.

прокриви | св.

Почне да криви, да куца. Таа лошо падна, ја повреди ногата и прокриви.

прокркори | св.

Почне да кркори. Огладнеа, цревата им прокркореа.

прокрпи | св.

Закрпи набрзина, згора-згора. Ја прокрпи кошулата колку да не виси џебот.