педикира | св. и несв.

Направи, прави педикир.

педикура | ж.

Нега на нозете, уредување на ноктите на нозете, специјално сечење на ноктите, отстранување на мозолчиња и сл.; професионална нега на нозете.

педијатар | м.

Специјалист по педијатрија, лекар за детски болести.

педијатрија | ж.

Област од медицината што ги проучува детските болести и нивното лекување и се грижи за здравствената заштита на децата.

педологија | ж.

Наука што ги проучува структурата и својствата на почвата.

педофил | м.

Тој што се предава на педофилија.

педофилија | ж.

Полова склоност кон деца, форма на полово задоволување со деца, најчесто извршувано од возрасни мажи.

пее | несв.

а) За човек ‒ изведува со глас низа од мелодиски тонови, исполнува музичка творба. Некој пее со тивок глас. Едни играат, други пеат. Девојките пееја свадбарска песна. б) Професионално се занимава со изведување на мелодии. Тој пееше во операта. Народот стоеше, хорот ја пееше химната.

пеење | ср.

Глаголска именка од пее.

пезевенк | м.

(арх.) Подведувач, сводник.