прокрцка | св.

Почне да крцка. Прокрцкаа вратите, треба да се помачкаат.

прокуда | ж.

Лоша навика. Имаше чудна прокуда.

прокуденик | м.

Тој што има некоја прокуда.

прокуденост | ж.

Особина на тој што е прокуден.

прокуди | св.

Навикне некого нешто лошо; разгали. Таа е виновна, го прокуди детето да лаже.

прокудлив | прид.

Што лесно може да се прокуди, да се навикне на нешто лошо. Прокудлив човек. Младите се прокудливи.

прокука | св.

Почне да кука. Прокукаа малите кукавици.

прокуратор | м.

Ополномоштено лице што застапува некого, правен застапник.

прокурор | м.

Јавен, државен обвинител.