пролае | св.
Почне да лае за првпат; научи да лае. Кученцето пролаја.
пролази | св.
Почне да лази. – На колку месеци пролази бебето?
пролапа | св.
Изеде лакомо, набрзина. Дури да трепнеш, ги пролапаа слатките.
пролева | несв.
пролее | св.
истури_1
пролет | ж.
Едно од годишните времиња, меѓу зима и лето. Рана пролет. Годинава пролетта задоцни. Топењето на снеговите ја најавува пролетта.
пролета | св.
Помине со летање. Една пеперутка пролета во градината. Меѓу дрвјата пролета був.
пролетаризација | ж.
Процес на постепено осиромашување на ниските и средните слоеви од градското и селското население, при што тие стануваат наемни работници или пролетаријат.
пролетаризира | св. и несв.
Претвора, претвори некого во пролетер.
пролетаријат | м.
Општествена класа на пролетери.