промеле | св.

Почне да меле за првпат или по определен прекин. Воденицата повторно промле.

промемоли | св.

Почне да мемоли. Старецот ги отвори очите и промемоли.

промена | ж.

Менување на нешто во поинакво. Промена на брзината. Промена на правецот на ветрот. Промени во здравствената состојба. Политички промени.

промени | св.

Направи да стане поинакво, измени. По она што го преживеа, го промени сфаќањето за животот.

променлив | прид.

Што може да се промени, што се менува. Ветар со променлив правец. Променлива категорија.

променливост | ж.

Особина на тој што е променлив и на тоа што е променливо.

промери | св.

Измери набрзина, како било. Не размислуваше многу, го промери материјалот и го скрои.

промет | м.

а) Процес на промена на вредности; размена на стока во пари и обратно; движење на стоки и пари. б) Обем на работи во остварувањето добивка. Прометот се зголеми овој месец. Слаб промет.

промете | св.

Мете набрзина како било. Го промете дворот и влезе в куќи.

прометен | прид.

Што се однесува на промет; промет Прометен биланс.