промеша | св.

Меша малку, кратко време. Ја промеша манџата да не загори.

промие | св.

Мие набрзина, како било; исплакне. Ги проми садовите, ама тенџерето го заборави. Секој ден му ја промиваа раната.

промил | м.

Илјадит дел од даден број или од некоја величина; знак 0/00. Веројатноста е многу мала, се мери во промили.

проминентен | прид.

Многу истакнат, извонреден, угледен. Проминентен научник. Проминентни писатели.

промириса | св.

Почне да мириса. Промириса на нешто изгорено.

промисла | ж.

Во религиозните претстави – дејствување на бог, на вишо суштество врз постапките на човекот; провидение. Божја промисла.

промислен | прид.

Што е добро разгледан, размислен; обмислен. Промислен чекор.

промисли | св.

Задлабочено, опстојно размисли; обмисли. – Промисли, пред да направиш нешт!.

промовира | св. и несв.

Изврши, прави промоција.