промолкне | св.
Извлече, истрга низ тесен простор; провре. Детето ја промолкна раката под портата и го повлече мачето.
промотивен | прид.
Што се однесува на промоција, што е својствен за промоција. Промотивен период на некои производи. Промотивна продажба.
промотор | м.
Тој што промовира некого за доктор на науки, 2. Тој што претставува нешто ново пред јавноста. Промотор на две нови изданија.
промоција | ж.
Свечено претставување пред јавноста на ново остварување (музичко, научно, литературно дело итн.) Вчера промовираа три нови изданија од современи македонски автори.
промоча | св.
Почне да моча (по некаква пречка); почне да моча нешто (крв во мочта). Девојченцето се исплаши од кучето и промоча.
промптен | прид.
Што е подготвен, готов; брз, вешт.
промрда | св.
Почне да мрда обично по определен прекин. Бебето промрда во сонот.
промрзне | св.
промрмори | св.
Почне да мрмори. Таа се освести и промрмори.
промртка | св.
Почне да мртка. Промртка, се буди.