промушка се | св.

Почне да се мушка. Се промушка меѓу грмушките, но обетката не ја најде.

промушне се | св.

Се провлече, се провре. Успеа да се промушне низ отворениот прозорец, а никој да не го сети.

пронајде | св.

Открие, најде нешто што го немало дотогаш. Група научници пронашле нов лек за оваа болест.

пронајдок | м.

Тоа што е пронајдено, откриено, а не постоело порано; изум. Историски пронајдок. Практичен пронајдок. Пронајдок од непроценлива вредност.

пронаоѓа | несв.

пронаоѓач | м.

Тој што пронашол нешто ново што не постоело дотогаш. Неговиот пронајдок го направи светски познат пронаоѓач.

проневера | ж.

Незаконско присвојување пари, вредносни хартии и сл., доверени во службата, во државен орган, во претпријатие итн. Обвинет за проневера. За таа проневера нема докази.

проневери | св.

Изврши проневера. Проневерил милион долари.