пропагандист | м.

Тој што се занимава со пропаганда како дејност. Водечки пропагандист. Тој не е писател туку обичен пропагандист.

пропагатор | м.

Тој што пропагира нешто; поборник за некаква идеја. Културен пропагатор. Пропагатор на напредни идеи.

пропагира | св. и несв.

Изврши, врши, шири пропаганда. Тој пропагира модерни пристапи во наставата.

пропадне | св.

Падне длабоко во нешто (дупка, снег, јама и сл.). Стапна и ногата му пропадна до глуждот во кал.

пропара | св.

Испара малку, набрзина. Пропара од плетеното малку, ама брзо го остави не ѝ се гледаше.

пропаска | ж.

Планинска чавка; Pyrrhocorax graculus.

пропаст | ж.

Бескрајна длабочина, бездна; амбис. Сонуваше дека паѓа во пропаст. Рефлексно сврте и за миг ја избегнаа пропаста што се покажа пред нив.

пропасти | св.

Загуби, доведе до пропаѓање, уништи; Ја пропасти единствената можност. Поплавата сè ни пропасти.

пропати | св.

Помине низ страдања, неволји. Тој пропатил многу во животот. Што сè сум пропатела подобро да не знаете.