проноси | св.
Почне да носи; заноси. На стари години проноси светли бои.
проод | м.
Тесно место каде што сепак може да се помине; премин. Меѓу двете куќи имаше тесен проод. Мораше да врти околу, напреку немаше проод.
прооден | прид.
Што овозможува да се оди, да се помине. Прооден пат. Прооден терен. Местото е рамно и проодно.
прооденче | ср.
Дете коешто проодело.
прооди | св.
За дете – научи да оди, почне да оди. И двете дечиња проодеа пред годината.
проодница | ж.
Овца првпат објагнета.
пропаѓа | несв.
пропаганда | ж.
Планско и организирано ширење по устен или писмен пат некакви идеи, учења, ставови и сл. Политичка пропаганда. Културна пропаганда. Пропагандата е моќно оружје.
пропаганден | прид.
Што служи за пропаганда; што се однесува на пропаганда. Пропаганден материјал. Пропагандни цели.
пропагандизам | м.
Методи и начин на работа на некоја пропаганда, голема посветеност на пропаганда.