пропатува | св.
При патување помине низ некое место, земја. Додека беше млад тој многу пропатува. Таа ја пропатува Европа.
пропева | несв.
пропедевтика | ж.
Вовед во некоја наука; подготвителна обука. Медицинска пропедевтика.
пропедевтички | прид.
Што се однесува на пропедевтика. Пропедевтички белешки.
пропее | св.
Почне да пее за првпат или по определен прекин. Имаше дарба за музика, на тригодишна возраст пропеа.
пропека | св.
Почне да пека; запека. Детето виде некоја играчка и пропека да му ја купат. Пропека да оди на одмор со другарите.
пропелер | м.
Дрвена или метална направа која со вртење во воздух или во вода го претвора вртењето на моторот во влечна сила и го придвижува бродот, авионот и сл. Бродски пропелер. Пропелерите на авионот силно брчеа.
пропелтечи | св.
Почне да пелтечи; запелтечи. Најпрвин зборуваше убаво, а потоа нешто се случи и детето пропелтечи.
пропере | св.
Испере малку, набрзина. Пропра некои алишта, направи ручек и домаќинот се врати.
пропече | св.
Пече кратко време, недоволно или само колку што треба. Ги пропече лешниците пред да ги стави во слатките.