пропешачи | св.

Помине со пешачење определено растојание. Денес пропешачив неколку километри.

пропие се | св.

Почне да пие алкохол прекумерно. Се чинеше дека се пропи поради чувството на вина. Откако се пропи, и семејството го отфрли.

пропис | м.

Усвоено и задолжително правило со кое се уредува однесувањето во определена област од општествениот живот. Законски прописи. Сообраќајни прописи. Царински прописи. Воени прописи. Во согласност со прописите.

прописен | прид.

Што е според прописите. Прописно растојание.

пропита | св.

Почне да пита, стане питач, просјак. Осиромаши, дури пропита за леб.

пропише | св.

Издаде пропис, уреди законски акт. Владата пропиша заштитни мерки против илегалната трговија.

пропишти | св.

Почне наеднаш да вика од болка; спишти.

проплаче | св.

Почне да плаче одеднаш.

проплеска | св.

Почне да плеска со рацете малку, кратко време. Публиката проплеска колку да се рече.