просјак | м.

Тој што проси, што живее од милостина; Просјакот стоеше со испружена рака.

просјачи | несв.

просјачки | прид.

Што се однесува на просјак, што му припаѓа на просјак. Просјачки стап. Просјачка торба.

прота | м.

Прв, постар меѓу свештениците; одликување што го добиваат свешетници поради нивна особена грижа и успех во извршувањето на нивната пастирско-проповедничка и мисионерска дејност; протопрезвитер; протојереј.

протагонист | м.

(истор.) Во античкиот театар ‒ актер што ја играл главната улога.

протапка | св.

Тапка на место кратко време.

протатни | св.

Мине брзо, со голема брзина, покрај нешто, низ нешто со татнење. Возот протатни низ сатницата.

протега | несв.

протегавица | ж.

Протегање на дел од телото; Ми дојде една протегавица.