протегне | св.

Спружи, растегне. Работниците го протегнаа металната жица на улицата. Тој протегна една ортома од едниот крај на дворот до другиот.

протеже | ср.

Тој што е протежиран од некого, штитено лице, штитеник што се наоѓа под нечие покровителство.

протежира | св. и несв.

Штити, заштити, се заземе, се зазема за некого, форсира некого, фаворизира обично незаслужено и на сметка на другите.

протеза | ж.

(мед.) Вештачки дел, соодветна направа што заменува изгубен дел од телото, или да ублажува или коригира некаков недостаток на телото.

протеин | м.

Сложено органско соединение, главна состојка на протоплазмата од клетката кај животинскиот и растителниот организам; витален дел од исхраната на луѓето и животните; белковина.

протек | м.

Протекување; протече.

протектор | м.

Покровител, заштитник.

протекторат | м.

Покровителство, Заштита.

протекционизам | м.

Политика на заштита на домашното производство од странска конкуренција преку воведување на високи царини за увозните производи, а намалување на извозните царини за домашната стока.