простран | прид.

Што зазема голема површина, што има доволно простор. Простран стан. Пространа тераса.

пространствен | прид.

Што се однесува на пространство.

пространство | ср.

Простор, област што опфаќа големи димензии. Големи пространства се покриени со шуми. Водно пространство. Небесно пространство.

простре | св.

Рашири за да покрие поголем простор, постеле. Простре слама по подот и сите исполегнаа. Го простре килимчето наземи.

прострели | св.

Со куршум, стрела и сл. Куршумот го прострели во градаите.

проструи | св.

Струи воздух. Низ отворениот прозорец проструи свеж воздух. 2 Струи течност. Низ вените повторно му проструи крв.

простудира | св.

Темелно проучи. Темелно ги простудира гермнанските композитори. Пред да пристапи кон пишување на тезата, добро го простудира прашањето.

простум | прил.

Право, во исправена положба. Застана простум пред него.

просуди | св.

Оцени, даде оценка, суд за нешто. Тој просуди дека не треба да го прифати предлогот.