простудира | св.
Темелно проучи. Темелно ги простудира гермнанските композитори. Пред да пристапи кон пишување на тезата, добро го простудира прашањето.
простум | прил.
Право, во исправена положба. Застана простум пред него.
просуди | св.
Оцени, даде оценка, суд за нешто. Тој просуди дека не треба да го прифати предлогот.
просфора | ж.
просце | ср.
прота | м.
Прв, постар меѓу свештениците; одликување што го добиваат свешетници поради нивна особена грижа и успех во извршувањето на нивната пастирско-проповедничка и мисионерска дејност; протопрезвитер; протојереј.
протагонист | м.
(истор.) Во античкиот театар ‒ актер што ја играл главната улога.
протапка | св.
Тапка на место кратко време.
протатни | св.
Мине брзо, со голема брзина, покрај нешто, низ нешто со татнење. Возот протатни низ сатницата.
протега | несв.