противвредност | ж.
Количина што одговара според својата вредност на количината на пари или на друга вредност. Парична противвредност.
противдејство | ср.
Дејство што е спротивно на некое друго дејство.
противдоказ | м.
Доказ што ја докажува неточноста на доказот на противничката страна.
противдржавен | прид.
Што е насочен против државата, нејзиното раководство или против општественото уредување на државата; антидржавен.
противен | прид.
спротивен.
противзаконит | прид.
Што е спротивен на законот. Противзаконита постапка.
противзаконски | прид.
Што не е во согласност со законот. Противзаконско дејство.
противи се | несв.
Се спротивставува на нешто, искажува незадоволство од нешто. Тој се противеше на продавањето на куќата. Тие се противеа на одлуката на директорот за прекувремено работење.
противкандидат | м.
Кандидат на противничката страна, на конкурс, при избори и сл.
противмерка | ж.
Дејство преземено да се спречи некое друго дејство, или да се спротивстави на закана, опасност и сл.