противнапад | м.
Напад преземен како одговор на напад од страна на противникот. Четата тргна во противнапад.
противнароден | прид.
Што е против интересите на народот. Противнародни мерки. Противнароден режим.
противник | м.
Лице што се спротивставува на нешто, што припаѓа на спротивставената страна; непријател. Тој е голем противник на тие идеи. Нашите противници се добро наоружани.
противобвинение | ср.
Обвинение како одговор на добиено обвинение.
противоклопен | прид.
Што е наменет за борба против оклопни возила, што може да пробие оклоп. Противоклопен транспортер.
противотров | м.
Средство со кое се поништува или се намалува дејството на некој отров. Го касна змија и мораше да прими противотров.
противофанзива | ж.
Офанзива што се презема да се спречи напредувањето на противникот, или да се помине во напад.
противпешадиски | прид.
Што е наменет за борба против пешадија.
противподморнички | прид.
Што е наменет за борба против подморници.
противпожарен | прид.
Што е наменет за борба против пожар, против огнена стихија. Протпожарен апарат. Протипожарна бригада. Противпожарно возило.