протестира | св. и несв.

Јавно, отворено изразува незадоволство против некого или против некоја појава.

протетика | ж.

Дел од медицината што се занимава со изработување и вградување протези. Забна протетика. Ортопедска протетика.

протетичар | м.

Лице што се занимава со протетика.

протече | св.

Пропушти течност. Дрвеното буре протече од едната страна.

против | прил.

против | предл.

При искажување негативен, непријателски однос, отпор кон некого или нешто. Борба против окупаторот. Декларација против расната дискриминација. Мерки против сиромаштијата. Судски процес против бившото раководство на фабриката.

против- | претс.

Како прв дел од сложенки со значење:

противавионски | прид.

Што служи за заштита од авионски напад. Противавионска ракета. Противавионски топ.

противакција | ж.

Акција во спротивен правец. Следеше противакција на востаниците. Со наша брза противакција го зазедовме мостот.

противатомски | прид.

Што служи за заштита од атомско оружје. Противатомска заштита.