профил | м.

а) Изглед на лице или на предмет гледани отстрана. б) Слика или цртеж на ваков изглед. Уметникот сликаше извонредни профили.

профилактика | ж.

Превентивен третман, систем од мерки за заштита од болест.

профилактичен | прид.

профилактика.

профилен | прид.

Што се однесува на профил.

профилира | св. и несв.

Прави профил на некого.

профит | м.

(екон.) Финансиска добивка, заработка изразена во пари; остаток по одбивањето на сите трошоци за производство.

профитабилен | прид.

Што носи профит.

профитер | м.

Човек што се стреми од сè, во секоја ситуација, често и на незаконски начин да се обогати, да извлече материјална корист.