протне | св.
прото- | претс.
Како прв дел од сложенки со значење: исконски, почетен, прв по положба, по значење, по настанување.
протоѓакон | м.
Прв, постар главен ѓакон во епархијата, особено при катедрален или соборен храм, едно од најглавните лица при служењето на епископите.
протојереј | м.
Постар свештеник по чин; ставрофор; протопрезвитер.
проток | м.
(геогр.) Морска теснина.
протока | ж.
Лековита билка од која се добива рицинус; Ricinus communis.
протокол | м.
Книга во која се бележи пристигнатата пошта, молби, жалби, претставки и сл.; деловна книга.
протоколарен | прид.
записнички.
протолкува | св.
Изврши толкување на нешто, објасни значење на нешто. Тој го протолкува напишаното.
протон | м.
Елементарна честичка на атомското јадро со позитивно полнење.