проѕевач | м.
Тој што се проѕева.
проѕевка | ж.
Широко отворање на устата при коешто се вдишува и издишува големо количество воздух поради потребата од сон. Проѕевката ги фати сите во собата.
проѕевне се | св.
Се проѕевна гласно и ги покажа здравите заби.
проѕемне | св.
проѕира | несв.
Гледа низ тесен отвор; ѕирка Детето проѕираше низ клучалката.
проѕирен | прид.
Низ кој лесно продира светлина. Проѕирна маица. Проѕирни панталони.
проѕирка | ж.
Мала пукнатина, процеп, дупче; Ги затвори сите дупки и проѕирки.
проѕре | св.
Насети, сфати, проникне во нешто; Тој ја проѕре нивната игра.
проѕуни | св.
Ѕуни кратко време; Проѕуни нејзиниот пријатен глас. Му проѕуни нешто во ушите.
пројава | ж.
Израз, овоплотување; манифестација. Поетска пројава. Културни пројави. Пројави во литературата.