прошие | св.

Шие низ нешто дебело. Ја прошил книгата.

прошири | св.

Направи нешто да стане пошироко. Тој ја прошири вратата во кујната.

прошка | ж.

Простување, опростување. Тој побара прошка. Моли за прошка.

проштава | несв.

проштален | прид.

Што се однесува на разделба. Проштално писмо. Проштална посета. Проштална забава.

прошумоли | св.

Шумоли малку, некое време. Прошумолија лисјето.

прошушка | св.

Шушка малку, некое време. Во тревата нешто прошушка.

проѓубри | св.

Ѓубри во мала мера, набрзина. Таа најпрвин ја проѓубри градината, а потоа ги насади новите цвеќиња.

проѕева се | несв.

Вдишува и издишува воздух со продолжено широко отворање на устата обично поради потребата за сон. Таа се проѕеваше и зборуваше по телефон. Детето подзамижано се проѕеваше.