пројави | св.

Искаже, открие особина, квалитет. Пројави желба. Уште од мала возраст пројавил интерес за литературата.

пројаде | св.

Почне да јаде за првпат или по определен прекин. Детенцето пројаде леб. Оперираниот пациент сè уште не пројал.

пројазди | св.

Помине со коњ јаздејќи. Пројазди покрај нив коњ во галоп.

пројасни | св.

Пообјасни, разјасни (проблем, ситуација и сл.) Го пројасни прашањето.

проќелав | прид.

Што е малку ќелав. Проќелав маж.

проќелави | св.

Почне да ќелави.

проџавка | св.

За куче ‒ почне да џавка.

прпа | несв.

За птица ‒ прави тивок шум при движење на крилата.

прпела | несв.

Валка во прашина, во пепел, земја и сл.