психопатија | ж.
Психопатски или психолошки ненормално однесување.
психопатолог | м.
Специјалист по психопатологија.
психопатологија | ж.
Општа наука за душевните заболувања.
психотерапевт | м.
Лице што врши психотерапија.
психотерапија | ж.
Метод на лекување на психички заболувања со психолошки средства.
психофизика | ж.
Наука за односот меѓу умот и телото.
психофизиологија | ж.
Гранка на физиологијата што се занимава со менталните процеси.
Псков | м.
Еден од најстарите градови во Русија.
псовка | ж.
псомор | м.
Лековита билка со чиј сок се труеле животни; Periploca graeca.