псоријаза | ж.
Заболување со црвени крастави дамки по кожата.
пст! | изв.
Извик искажан со шепот за да се привлече нечие внимание или да се повика на тишина, на молчење.
псувна | ж.
птица | ж.
(зоол.) 'Рбетник обраснат со перје, со крила, клун и две нозе што може да лета. Јато птици. Песнопојна птица.
птичар | м.
Човек што се занимава со одгледување и фаќање птици.
птичарник | м.
Куќарка за засолнување на птици.
птичји | прид.
Што се однесува на птица. Птичје гнездо. Птичји кафез. Птичје јато. Птичји пој.
пубертет | м.
Полово зреење кај човекот, премин од детство во младешко доба. Задоцнет пубертет.
пубертетлија | м.
Лице што се наоѓа во пубертет.
пубертетски | прид.
Што се однесува на пубертет. Пубертетски пројави.