пувеж | м.

Гасови што тивко се испуштаат од цревата.

пувка | несв.

Предизвикува движење на воздухот испуштајќи благ звук. Вовчето пувкаше по угорницата. Пувка со цигарата.

пувка | ж.

Предено исечено на парчиња и собрано во топче, служи како украс на облека и обувки; туфка. Опинци со пувки на врвовите. Детето носеше капа со шарена пувка.

пувкав | прид.

Што е мек, растресит. Пувкав снег.

пувло | м.

Тој што пувнал.

пувне | св.

Испушти тивко воздух од цревата.

пувче 2 | ср.

Што купил едно пувче ‒ многу добро.

пуд | м.

Стара руска мерка за тежина (16, 38 кг.).

пудинг | м.

Десерт од млеко, нишесте и разни овошни и други додатоци.