публика | ж.
Собир на луѓе што присуствуваат на некаков настан како гледачи или слушатели. Театарска публика. Публиката долго ракоплескаше на крајот од претставата.
публикација | ж.
Тоа што е објавено, напечатено; издание. Рефератите ќе бидат објавени во одделна публикација. Тој проблем е третиран во посебна публикација. Научна публикација.
публикува | св. и несв.
Објави, објавува пред јавноста, најчесто во пишана форма. Приказните се публикувани од Марко Цепенков.
публикувач | м.
Тој што публикува. Тој се јавува како публикувач на македонски народни песни и приказни.
публицист | м.
Лице што се занимава со публицистика, автор на публицистички дела.
публицистика | ж.
Општествено-политичка литература на современи актуелни теми од јавниот и културниот живот со цел да информира, воспитува, да врши пропаганда, да анализира, да забавува и сл.
публицистички | прид.
Што се однесува на публицист и на публицистика. Публицистички стил. Публицистички текстови. Публицистичка дејност.
публицитет | м.
Изнесување пред јавност, разгласеност, распространетост, одглас. Книгата доживеа голем публицитет.
публичен | прид.
Јавен.
пува | несв.