пуземажест | прид.
Што е со низок раст, како пуземаже. Пуземажесто дете.
пук! | изв.
Глас за подражавање на пукање. Туку стори пиштолот пук и човекот падна.
пука | несв.
При кршење добива пукнатини, проследено со пукот. Мразот полека пукаше во средината на езерото. Земјата пукала од суша.
пукало | ср.
Направа со која се пука.
пуканица | ж.
пуканка | ж.
Распукано зрно пченка на висока температура со или без масло.
пукачка | ж.
Секирација, нервозна тежок момент во животот.
пукнат | прид.
Глаголска придавка од пукне.
пукнатик | м.
Небидник, проклетник.
пукнатина | ж.
Место, процеп каде што пукнало, што настанал при пукање на нешто. Пукнатина во земјата. На ѕидот се појавила голема пукнатина од земјотресот.